Практичност
Подарок што има јасна употреба и причина да остане.
Создаваме концепти за промотивни предмети што имаат место во секојдневието — на клучевите, на бирото, на масата, во следната кампања.
Втисок е каталог за фирми што сакаат да претворат лого, боја или идеја во конкретен промотивен производ преку 3Д печатење.
Почнуваме со намената: кој ќе го користи предметот и зошто би го задржал? Потоа ги усогласуваме формата, материјалот, цената и количината.
Секој проект почнува со разговор и потврда на изведбата. 3Д печатењето има сопствена текстура со видливи слоеви — затоа примерокот е дел од добрата одлука.
Разговарај за твојата идеја ↗Подарок што има јасна употреба и причина да остане.
Лого и бои усогласени со твојот бизнис.
Јасна изведба пред да започне целата серија.
Цена, количина, материјал и рок потврдени однапред.