Податоци во барањето за понуда
Формата бара име на фирма, лице за контакт, е-маил и телефон. Може да се внесат град, посакуван рок, линк до лого и насоки. Овие податоци се користат за разгледување на проектот, подготовка на понуда и контакт во врска со барањето.
Пристап и чување
Барањето се зачувува во системот на Втисок и е достапно на администратори по најава. Не се објавува во јавниот каталог. Не внесувај лозинки, платежни податоци или други чувствителни информации во полињата за порака. Податоците се чуваат додека се потребни за обработката и деловната евиденција.
Локално зачуван избор
Избраните производи, количини и насоки за боја се зачувуваат локално во твојот прелистувач за да можеш да го продолжиш составувањето на барањето. По успешно испраќање изборот се празни. Можеш и сам да ги отстраниш производите или да ги исчистиш податоците за страницата во прелистувачот.
Сесија и колачиња
Се користи сесија за техничко функционирање на формата и администраторската најава. Каталогот не бара регистрација за да испратиш барање.
Прашање или исправка
За прашање за твоите податоци, исправка или барање за бришење, контактирај го тимот преку формата за контакт и наведи го бројот на претходното барање, ако го имаш.